Дваесет и петгодишното деловно искуство во областа на корпоративната безбедност ни овозможува да обезбедиме поддршка на нашите клиенти преку едукација.

Им помагаме на клиентите правилно да ги проценат сопствените потреби и најдобро да ги искористат постоечките и новите системи.

Оваа услуга вклучува консултации со клиенти во однос на оптимално користење на постоечките и планирање на нови ресурси, оптимизација на работењето, употреба на безбедносни системи со цел подобрување на оперативната ефективност, анализа на критичните точки на деловниот процес, подобрување на профитот и идентификација на нови технологии за подобрување на деловните процеси. Како дел од консултантски услуги, Craft studio се занимава и со развој на внатрешни процедури и пишани стандарди кои придонесуваат за заштита на клиентите од кражби и загуби внатре во куќата и за подобрување на корпоративната безбедност на компанијата.