Услугите за сервисирање и одржување обезбедуваат непречено функционирање на инсталираните системи, брза реакција во случај на дефект и отстранување на проблемите во најкус можен рок. Craft studio располага со професионален тим посветен исклучиво на обезбедување поддршка на клиентите преку услуги за сервисирање и одржување во гарантниот и негарантниот период, како и секогаш подготвена опрема и резервни делови на залиха, што гарантира висок квалитет, итна реакција и решавање на проблемите во најкратко можно време. Следејќи ги актуелните трендови, нашите решенија базирани на IP имаат далечински пристап, што овозможува далечинско сервисирање и одржување, што уште повеќе придонесува за брзината и ефикасноста на корисничката поддршка.