Системите Public Address се наменети за звучење на големи простори. Се користат во трговски центри, хипермаркети, болници, аеродроми, индустриски капацитети, владини и многу други институции, за истовремено обраќање до голем број посетители, но и за пуштање музика и рекламирање џинглови.
Ви нудиме PA решенија составени од најквалитетни звучници, засилувачи, миксери, плеери, микрофони и други аудио компоненти од врвни светски производители. Нашите системи за јавни адреси се флексибилни и овозможуваат адресирање во живо, преку микрофон, како и репродукција на снимен материјал преку CD/DVD уреди, FM приемници и разни мултимедијални плеери.